Муцунски во Истанбул на средба со Ердоган

Од:

Во рамки на Вториот состанок на Балканската платформа за мир, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заедно со министрите за надворешни работи на земјите учеснички, денеска во Истанбул остварил средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата биле разменети мислења за билатералните односи на Република Турција со земјите од регионот, како и за пошироките регионални прашања од заемен интерес.

-Во време кога светот и регионот се соочуваат со сериозни предизвици, соговорниците ја истакнаа важноста од зајакнување на солидарноста и меѓусебното разбирање меѓу членките на Балканската платформа за мир, стои во соопштението.

На состанокот заеднички било оценето дека Балканот треба да продолжи напред со пристап кој ги зема предвид поуките од минатото, но е јасно насочен кон стабилност, соработка и заедничка иднина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски во Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

А1он

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски