Муцунски се сретна со жените од комуналните служби: Благодарам за вашиот придонес и труд кои се од витално значење за општината

Од:

Градоначалникот Тимчо Муцунски по повод Меѓународниот ден на жената заедно со претседателот на советот Дејан Митески утрово се сретна и го честитаа празникот токму на жените кои со својата работа секојдневно даваат значаен придонес за нормално функционирање на општина Аеродром информираат од прес службата на Општинта.

„Утрово се сретнав со жените кои дел од комуналните служби во општината Аеродром, се заблагодарив за трудот и личниот придонес кој тие го даваат почиста и поубава општина. Нивната работа е од витално значење за средината во која живееме, и ниту една наша цел поврзана со здравата и животна средина нема да биде остварлива без нивната поддршка“, напиша Муцунски на својата Фејсбук страна.

Тој додаде дека не само во ова поле, туку и во останатите сектори и служби на Општина Аеродром работат многу вредни и посветени жени.

„За мене вистинско задоволство е да се соработува со нив. Во оваа прилика на сите нив и на сите жени во Македонија им го честитам денешниот празник“, додаде Муцунски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски во Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

А1он

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски