Муцунски: Продолжуваме да го поддржуваме спортот во Аеродром и на тој начин создаваме локални спортски херои

Од:

Во духот на спортот, натпреварувањето, дружењето и меѓусебното почитување, викендов во СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром се одржува првиот меѓународниот карате турнир „Олимпик Опен“.

На натпреварувањето кое се реализира со поддршка на општината, настапуваат повеќе од 500 натпреварувачи од десет земји, каде преку фер борба тие ги покажуваат своите знаења и вештини од овој спорт.

Градоначалникот Тимчо Муцунски, утрово се обрати на отворањето на отворањето на турнирот при што истакна дека Општина Аеродром секога дава поддршка на ваквите настани затоа што тие освен што имаат спортски и натпреварувачки карактер, се добра можност за промоција на општината и државата во меѓународни рамки.

„Развојот на спортот, значи и развој на општината и токму поради тоа ние во континуитет даваме поддршка на спортот и спортските таленти во Аеродром. Се радувам на ваквите настани, на учесниците им посакувам пред се одлична дружба, а потоа фер и коректно натпреварување каде ќе победи најдобриот“, истакна Муцунски во своето обраќање на настанот.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски во Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

А1он

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром