Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок што се одржа во Вашингтон

Од:

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон.

Молитвениот појадок е настан кој на едно место ги собира меѓународните претставници од различни националности, вери и религии заедно со членовите на Американскиот Конгрес и претставниците на Администрацијата на САД. Оваа година на настанот се обратија Претседателот на САД, Џо Бајден и Кралот на Јордан, Абдула II. Обединувањето, соработката и меѓусебната поддршка беа во фокусот на пораките кои оваа година беа испратени во рамки на овој настан.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која гради и негува цврсти односи и пријателства со своите меѓународни партнери, напиша Муцунски на својата фејсбук страна и додаде дека за него вистинско задоволство е учеството на Националниот молитвен појадок.

Муцунски потенцираше дека присуството на овој настан е уште една потврда за одличнте односи со нашите партнери од САД, можност за промоција на стратешките интереси на Македонија и градење на нови мостови на меѓународно ниво кои се засноваат на меѓусебна почит, соработка и разбирање.

„Овој настан и останатите средби кој ги остварив рамки на посетата на Соединетите Американски Држави се одлична основа за продлабочување на меѓусебното партнерство и соработка“, заклучи тој во својата фејсбук објава.

Би можело да ве интересира

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он

Евакуирани се македонски државјани од Израел – попладнево полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје

А1он

Муцунски: Мораме да најдеме решение за предизвикот со Бугарија

А1он