Муцунски оствари работна средба со високи претставници на Стејт департментот

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави. Во рамки на посетата тој оствари работна средба со високи претставници на Стејт департментот информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во рамките на средбата со Стивен Џи, Директор во Директоратот за Јужно – Централна Европа и Бенсон Сивек, офицер кој е одговорен за Македонија, беа потврдени одличните билатерални односи помеѓу нашата држава и САД кои неопходно е во иднина да продолжат да се надградуваат во духот на стратешкото партнерство помеѓу двете земји. Муцунски уште еднаш ја потврди заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за итни и темелни реформи во правосудниот систем, но и забрзан економски развој кои ќе бидат одговор на високото ниво на криминал и корупција и тешката економска состојба во државата. Во рамки на посетата на САД, Муцунски во следните неколку денови ќе оствари средби со членови на Конгресот, високи претставници на меѓународните организации и ќе присуствува на Националниот молитвен појадок кој ќе се одржи утре во Вашингтон се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски во Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

А1он

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски