Муцунски му се заблагодари на Столтенберг за придонесот во евроатлантската безбедност

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој го придружува премиерот Христијан Мицковски во работната посета на Брисел, во седиштето на НАТО имаше средба со генералниот секретар на Алијансата во заминување, Јенс Столтенберг.

Како што објави денеска министерот Муцунски на својот Фејсбук профил, на средбата со Столтенберг му изразил лична благодарност за неговиот извонреден придонес во евроатлантската безбедност, притоа врачувајќи му Плакета за постигнатите успеси.

– Го истакнав неговото водство во турбулентните години, со кое значително ја зајакна и модернизира Алијансата, правејќи ја покредибилна и поподготвена за зачувување на мирот и стабилноста, наведе Муцунски во објавата.

Тој додава и дека во разговорот ја нагласил важната поддршка на Столтенберг за нашето членство и личните напори што ги вложил за промовирање на мирот на Западниот Балкан, како и неговата посветеност кон политиката на отворени врати на НАТО, која е клучна за регионалната стабилност.

Денеска Муцунски, заедно со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, ќе го придружува премиерот Мицкоски на средби со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.

На пладне Мицкоски, заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која главни теми беа меѓусебната соработка и Планот на ЕУ за раст на регионот.

Би можело да ве интересира

Јенс Столтенберг: Никој не може да гарантира дека САД ќе останат во НАТО

А1он

Муцунски најавува изненадување во следните шест месеци во визната политика на САД кон земјава

Катерина Ѓуровски

Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и се објективно применливи, ќе бидат прифатени, вели Муцунски

Муцунски за инцидентот пред Бугарската амбасада: Се работи за изолиран случај

Катерина Ѓуровски

Муцунски со поддршка за нападот на САД, со фалби за Трамп и Рубио

Муцунски: Нашето место е во Брисел – билатералните блокади не смеат да ја кочат европската иднина