Муцунски: Катица Јанева не може да избега од одговорноста за непрофесионалната и скандалозната одлука

Од:

Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ повторно ја повика специјалната обвинителка Катица Јанева во врска со отфрлање на случајот „Пуч“.

„Помина цела недела, а Катица Јанева сеуште бега и се крие од одговори и одговорност во врска со срамната одлука за де факто аболицијата во предметот „Пуч“.

Помина цела недела од најголемиот скандал во македонската правосудна пракса кога за прв пат еден обвинител се стави во одбрана на кривично дело наместо да инсистира истото да биде гонет пред надлежниот суд кој треба да ги разгледа доказите.

Помина цела недела откако Катица Јанева политички одлучи да ја погази судската пресуда и признанието на осудениот Ѕвонко Костовски кој соочен со доказите во предметот „Пуч“ се спогоди за помала казна затвор.

Помина цела недела, а јавноста не слушна како Катица Јанева ја толкува скајп комуникацијата помеѓу обвинeтите во „Пуч“, Верушевски и Лазаревски. За кој чадор говорат Верушевски и Лазаревски, кога велат цитирам: „Знаејќи го чадорот, не верувам дека ќе останеме заборавени“?

Дали Катица Јанева се согласува и застанува зад нивните намери ситуацијата да излезе од контрола, а мирот да експлодира? Дали Катица Јанева се согласува со нив кога велат „навикнати сме друг да страда, а ние сме благонадежни.

Колку и да бега, колку и да се крие, Катица Јанева не може да избега од одговорноста за непрофесионалната и скандалозната одлука која што ја донесе. Катица Јанева се делегитимираше себе си како јавен обвинител, а целосно го делегитимираше и Специјалното јавно обвинителство како орган кој треба да го расчисти скандалот со незаконското прислушување.

Катица Јанева со нејзината одлука да се откаже од предметот „Пуч“, практично ја поништи и основната причина поради која беше формирано СЈО“ рече Муцунски на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник