Муцунски го разреши директорот на „Лазо Ангеловски“

Од:

И покрај тоа што претходниот директор беше повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, од етички и морални причини градоначалникот Тимчо Муцунски одби да го именува на таа функција со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици информираат од Општина Аердором.

-За претходниот директор на ООУ „Лазо Ангеловски“ имаше бројни поплаки. Тој со своето однесување предизвика бурни реакции во јавноста и нанесе голема штета на училиштето во кое со децении наназад работат врвни професионалци. Градоначалникот Муцунски уште од првиот ден се заложи и цврсто останува на неговото ветување дека Општина Аеродром ќе ја врати довербата и позитивната слика за сите институции кои се под нејзина надлежност. За сега, на чело на училиштето и како вршител на должноста директор ќе застане Магдалена Петревска, се вели во соопштението од кабинетот на Муцунски.

Би можело да ве интересира

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Муцунски: Стоиме со Украина, таа е суверена држава

Предраг Петровиќ

Подобра енергетска ефикасност и услови за децата во градинката „Бамби“ со поддршка од ТИТАН Усје

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево