Муцунски: Финализираме договор што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски попладнево преку социјалните мрежи ја поздрави одлуката на САД за значително намалување на тарифите за македонски производи – од 33% на 15%.

Како што истакна во објавата, овој чекор претставува важен поттик за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и јасен сигнал за градење на поамбициозно трговско партнерство.

Министерот Муцунски исто така посочи дека иако преговорите за сеопфатен договор за тарифна либерализација сè уште се во тек, оваа одлука е конкретен доказ за заедничката посветеност на отворање нови можности за нашите извозници, компании и економијата во целина.

„Остануваме целосно посветени на финализирање на договор што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери и ќе создаде долгорочни придобивки за двете економии. Убеден сум дека со ова се поставуваат темелите за ново поглавје во македонско-американските економски односи, порача Муцунски.

Би можело да ве интересира

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица

Бланар: Словачка е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото