Муцунски: Борбата за јазикот и писменоста е борба за душата на народот и македонскиот идентитет

Од:

Со рецитирање на „Тешкото“ и „Везилка“ како стихови на еден од великаните на современата македонска историја, учениците од основното училиште „Блаже Конески“ денеска го отворија настанот кој се организира во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој со поддршка на УНЕСКО се одржува на 21 февруари секоја година.

На настанот свое обраќање имаше Градоначалникот Тимчо Муцунски, кој се заблагодари на учениците и наставниот кадар за придонесот кои тие го даваат за чување и негување на македонскиот јазик.

„Јазикот е духовна татковина и комуникациски код, преку кој ја изразуваме својата посебност – почитта кон својот мајчин јазик е почит кон традицијата и кон предците што го зачувале јазикот. Преку јазикот, на автентичен начин им го пренесуваме на идните поколенија она што сме го наследиле од нашите предци. Оттука, борбата за јазикот и писменоста е борба за душата на народот“, истакна градоначалникот Тимчо Муцунски.

Освен градоначалникот Муцунски свои обраќања и посвети кон важноста од обележување на Денот на мајчиниот јазик имаа директорката на училиштето Виолета Ристовска, одделенскиот наставник и добитникот на наградата „13 ноември“ Јадранка Клисарова, Снежана Петрова Џамбазова од Институтот за македонски јазик и Татјана Димовска Атанасова од ARS Lamina.

Како дел од активностите за одбележување на Меѓународниот ден беа презентирани и наградените стихотворби напишани од учениците на општинскиот конкурс на темата „Јазикот на мојот дедо и прадедо“. Во стилот на Блаже Конески и другите македонски писатели, тие ги рецитираа творбите посветени на важноста од зачувувањето на писменоста, делата на нашите предци и посебноста на македонскиот јазик, народ и идентитет.

Од страна на издавачката продукција на ARS Lamina во рамки на кампањата за збогатување на книжниот фонд на училиштата во Аеродром беа донирани 100 книги кои ќе бидат наменети за учениците на ова основно училиште.

Би можело да ве интересира

Подобра енергетска ефикасност и услови за децата во градинката „Бамби“ со поддршка од ТИТАН Усје

А1он

Муцунски за „The Jerusalem Post“ од Израел: Директна авиолинија, посилни економски врски и унапредување на соработката во туризмот

Левица: Муцунски во Израел ја загрозува безбедноста на македонските граѓани врзувајќи ги со осомничени воени злосторници

Муцунски: Заштита на националните интереси, економската дипломатија и заштата на граѓаните кои живеат надвор од границите – стратешки приоритети на дипломатијата

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Македонската дипломати се собираат во Скопје, првпат по 2019 година – ќе се прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа