Му се изгуби трагата на Мијалков, полиција претресува возила и го бара насекаде

Од:

Полицијата речиси три часа не може да го лоцира ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков за да му врачи решение за домашен притвор кое е изготвено од Кривичниот суд. Речиси целиот град е окупиран од полицијата, која се обидува да го лоцира Мијалков. Адвокатот Петар Василевски кој го застапува Мијалков за „А1он“ не сакаше да ја коментира одлуката и наместо одговор ја спушти слушалката.

Информации нема ниту од Министерството за внатрешни работи. Тие не одговaраат дали е распишана потерница по Мијалков, како што се шпекулира во јавноста. Молк и од обвинителката Ленче Ристоска која го застапува предметот „Таргет-Тврдина“ за прислушкувањето, поради кој е побаран притвор. Ниту портпаролите на Обвинителството не одговараат зошто сега се одлучиле да побараат притвор и дали имаат сознанија за можно бегство.

Единствено познато е дека полицијата не го најде Мијалков во куќата на Водно, ниту во хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад, кој го пријавуваше како престојувалиште кога порано издржуваше мерка куќен притвор.

Полиција контролира и на скопската обиколница. Речиси сите возила кои поминуваат се застануваат и проверуваат.

Инаку, пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ треба да се донесе во петок.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Јавното обвинителство не се согласило со условен отпуст за Сашо Мијалков

ВИДЕО: Целото видео на Сашо Мијалков со џет сетот во хотел во Монако

А1он

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник