А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Анита Петровска Рајковиќ
Македонија

Му „пукнал филмот“ додека чекал за пасош – жител на Табановце нападнал вработен во пасошко во Куманово

by Анита Петровска Рајковиќ27/02/2024 - 12:1027/02/2024 - 12:128630
Share0

Жител на Табановце физички нападнал вработен во отсекот за управни работи во Куманово, соопшти полицијата.

Добивај вести на вибер

Инцидентот се случил вчера, кога четириесет и двегодишниот жител на кумановското село Табановце Н.П. го нападнал вработениот во просториите на отсекот за управни работи – Куманово.

Според информациите на А1он, напаѓачот влегол во просторијата каде се вадат лични документи, додека вработениот веќе имал други странки. Но тој бил нетрпелив и во стилот „само да прашам нешто “, се обидел да го прекине вработениот. Вработениот не му дозволил и му рекол да излезе и да почека да заврши со странките. По што 42 годишниот жител на Табановце влегол внатре и физички го нападнал вработениот.

МВР го потврди настанот.

„ Вчера во 10:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(42) од село Табановце, Кумановско затоа што во просториите на отсекот за управни работи Куманово физички нападнал еден вработен, кој извршувал службени дејствија. Н.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Согласно законот напаѓачот ќе одговара за напад на службено лице при вршење на службени дејствија, што е сериозно кривично дело.

Претходната недела СВР Куманово информираше дека Одделението за управни работи – Куманово од почетокот на годинава издало над 10.500 пасоши, над 9.000 лични карти и над 4.000 возачки дозволи.

Одделението работи со четири кабини за фотографирање и работи во две смени, од 7:30 до 19:30 часот.

mvrnapadpasos

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он30/03/2026 - 15:2230/03/2026 - 15:49

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

(ВИДЕО) Четири амбулантни возила на еврејската заедница се запалени во Лондон

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто