Во врска со пишувањата на на порталот OhridSky под наслов: „Ексклузивно – од МТСП се исплаќале пари за трето дете и на државјани на Косово и Албанија!!??” , ве известуваме дека Министерството за труд и социјална политика презема активности во рамки на своите надлежности.
Имено, уште во текот на денот инспектори од Секторот за испекциски надзор над примената на законските и другите прописи од областа на социјалната заштита и заштита на децата отпочнаа со вршење на вонреден надзор над спроведувањето на Законот за заштита на децата во однос на остварувањето на правото на родителски додаток за дете во Центарот за социјална работа Карпош како првостепен орган, при остварувањето на правото за родителски додаток за дете во однос на исполнетоста на условите за остварување на наведеното право, конкретно на законитоста на донесувањето на соодветните решенија.
Инаку, согласно со Законот за заштита на децата, родителски додаток за дете остварува мајка за своето трето живородено дете. Правото го остварува мајка која е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето.
По барањето за остварување на правото за родителски додаток за дете решава Центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое мајката има постојано место на живеење. Барањето за остварување на правото на родителски додаток за дете со потребната документација се поднесува до надлежниот Центар за социјална работа, најдоцна до наполнети три месеци живот на детето и правото на родителски додаток за дете се остварува од денот на раѓањето на детето.
Согласно со Законот за заштита на децата Министерството врши инспекциски надзор над спроведувањето и примената на овој Закон и другите прописи што се однесуваат на заштитата на децата. Инспекцискиот надзор опфаќа:
– надзор над применувањето и спроведувањето на овој Закон, како и на другите прописи и акти донесени врз основа на овој Закон,
– надзор над остварувањето на правата за заштита на децата во центрите за социјална работа и исполнување на обврските на корисниците, утврдени со овој Закон.
Исто така, во однос на другите наводи за злоупотреби на одредени социјалнаи права кои се однесуваат на работењето на Центрите за социјална работа информираме дека Министерството за труд и социјлана политиика преку Секторот за испекциски надзор над примената на законските и другите прописи од областа на социјалната заштита и заштита на децата ќе изврши вонреден надзор над спроведувањето на Законите.