МТСП: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, министерката Царовска законски го пријавила имотот

Од:

„Прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ претставува манипулирација со јавноста преку тенденциозно погрешно толкување на законите. Законот не ги обврзува функционерите да поднесуваат извештај за имотната состојба на нивните неформални партнери како што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја излаже јавноста и не постои можност за поразлично толкување на одредбите од овој закон. Министерката Царовска уредно го има пополнето својот имотен лист и пријавено својот имот и имотот на нејзиното семејство.

Иако законски не е обврзана, министерката Царовска заради транспарентност кон јавноста околу имотот на неформалниот сопруг во најбрз можен рок ќе го пријави во анкетниот лист во Државната Комисија за спречување на корупција. Тој во своја сопственост има една гаража од 25 м2 и една парцела земја во кочанско од 1.000м2“, се вели во реакцијата на МТСП.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела