МТСП: Спасов повеќе не може да ги штити граѓаните

Од:

Јавноста и граѓаните на Република Македонија очекуваа одговорност за постапките на неодговорните функционери како Диме Спасов, а не  наместени интервјуа за пласирање дополнителни лаги и манипулации.

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, со своето несовесно однесување загрозил имот на граѓани, а можело тоа да бидат и човечки животи!

  Исто така, Спасов не даде одговор на клучните прашања:

1. Зошто неовластено управувал возила на АВРМ за приватни цели и покрај задолжените возила на МТСП?
2. Зошто поттикна друго лице лажно да презеде одговорност за инцидентите?
3. Зошто и тој и директорот на Агенцијата за вработување се повикуваат на непостоечки документ – договор за некаква техничка соработка?

Диме Спасов не го интересираат интересите на граѓаните. Со денешното интервју тој само потврди дека сака да се штити само себе си.

Затоа Спасов повеќе не може да ги штити граѓаните.

Тој не е достоен да ја извршува функцијата дополнителен заменик министер за труд и социјалана политика и мора веднаш да се поднесе оставка и да одговара за стореното дело. 

Кабинет на министер за труд и социјална политика

Би можело да ве интересира

Спасов: Преку „Македонија вработува 2“ отворени 2.960 работни места

Емир Латифовиќ

Спасовски: Три прекршочни пријави за Диме Спасов, не ги почитувал наредбите на полицијата за сопирање

Емир Латифовиќ

Спасов: Растот на новоотворени работни места во Кавадарци е интензивен

Емир Латифовиќ

Реакција на Спасов на изјавата на Царовска од СДСМ

А1он

Спасов: Вратено достоинството на пензионерите и старите лица

Ана Ололовска

Спасов: Решението кое го објави Ременски не е правосилно

Емир Латифовиќ