Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денeска остварил работна средба со раководствата на сите Центри за социјална работа во државава, со цел да се исклучат сите можности за злоупотреба на системот во изборниот процес.
– Овие центри се првата карика во системот на социјална и детска заштита и доколку тиe не функционираат, системот се распаѓа. На средбата со директорите беа изнесени проблемите со заминување на кадар односно стручните работници кои треба да помагаат на граѓаните во социјален ризик давале откази од Центрите за социјална работа заради лошите услови за работа и лошите реформи кои се случија изминатите шест години. Вработените велат дека неиздржливо е да се работи во распаднат систем, се наведува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.
Од МТСП им порачуваат на вработените во Центрите во наредниот период да ги извршуваат работните задачи на најпрофесионално ниво и да не потпаѓаат под притисоци.
– Ветив дека системот на социјална заштита ќе претрпи целосен ремонт за да граѓаните и вработените како нивен сервис го добијат вистинското место во ова општество, истакнал Велковски.
Во соопштението од МТСП е наведено дека во државата има 30 Центри за социјална работа, односно во секое поголемо населено место.