МТСП: Регистарот на педофили не е избришан

Од:

Министерството за труд и социјална политика демантира дека бил избришан јавно достапниот регистар на педофили и посочува дека само имало технички проблеми со отворањето. За ова, посочуваат од МТСП, била информирана компанијата што работи на одржувањето на регистарот, по што проблемот бил отстранет и тој е повторно достапен.

– Во јавноста се појавија шпекулации дека наводно бил избришан јавно достапниот регистар на педофили, за што Министерството за труд и социјална политика информира дека во текот на два дена имаше мали технички проблеми со отворањето на регистарот за лица осудени за педофилија, се вели во денешното соопштение од МТСП.

Оттаму информираат дека Министерството за труд и социјална политика има склучено Договор за одржување на регистарот со компанијата „Бруникс“ од Скопје, каде случајот е пријавен и регистарот за лица осудени за педофилија е повторно достапен.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија

Мајка пријавила дека скопјанец ја гушнал и бакнал нејзината малолетна ќерка

Пријава за двајца татковци од Прилеп и Тетово кои ги силувале своите малолетни ќерки

Предраг Петровиќ

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Хрватски пејач осуден за детска порнографија

Музичарот педофил претепан и избоден во затвор: „Го држеа како заложник шест часа“

Предраг Петровиќ