МТСП: Погрешен е пристапот за добивање на ситни политички поени на грбот на децата

Од:

„Остро го дематираме и отфрламе написот на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски дека вработени во министерството за труд и социјална политика се под силен притисок на раководството за донесување на незаконски одлуки за одземање на ингеренциите ЈОУГД „Детска радост“ – Гази Баба“, реагираат од МТСП.

„Ниту еден вработен во Министерството за труд и социјална политика кој е поврзан со инспекциски надзор, ниту одговорен во делот на детска заштита не користи боледување во овој момент.

Исто така институцијата посочува дека вработените се докажани професионалци во својата област,
без никакви особини да потклекнуваат на притисоци од било која страна, посебно не од страна на министерката која е нивна долгогодишна колешка.

Сите акти кои ги носи министерството за труд и социјална политика се поткрепени врз основа на закон, додека политичката борба и политиканство на грбот на децата и детската заштита води токму градоначалникот, на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Одземените надлежности на градоначалникот се резултат на прекршување на законот од страна на управниот одбор на ЈОУГД „Детска радост“ – Гази Баба и на прекршување на законот од страна на градоначалникот, Бобан Стефковски, при водење постапка за разрешување на директор.

Министерството за труд и социјална политика апелира, градоначалникот Бобан Стефковски да прекине да шири лажни вести и дезинформации и при тоа да создава конфузија и немир помеѓу родителите на децата кои се згрижени во ЈОУГД „Детска радост“ , а сето тоа за ситни политички поени по што и е препознатлив“, се додава во соопштението на МТСП.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ