МТСП: Од утре до недела портокалова фаза во цела држава – се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население

Од:

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните денови, почнувајќи од четврток 21.07. до 24.7.2021 година.

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и хронично болни лица.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Истовремено Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Би можело да ве интересира

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава

Температури до 46 степени во Италија – метеоролозите предупредуваат на „супер тропски ноќи“

А1он

УХМР: Утре портокалова фаза во делови од земјата

(ВИДЕО) Најмалку 35.000 луѓе починаа поради топлотните бранови во Европа: црни рекорди се соборени низ целиот континент

За два месеци поради горештините во Европа 32.000 починати повеќе од очекуваното

А1он

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени