МТСП: Не се мешаме во синдикалното организирање

Од:

Со никакви наводи во Решението за огласување на ништовност бр.08-8191/134 од 4.08.2017 година Министерството за труд и социјална политика не се меша во слободата на синдикално организирање и слобода на избор, туку постапува според позитивните законски прописи на Република Македонија имајќи ги предвид и меѓународните конвенции, наведува Министерството за труд и социјална политика во реакција на денешната прес-конференција на претседателот на ССМ Живко Митревски.

Митревски, според МТСП, повторно изнел невистини и неорагументирани изјави.

Во реакцијата се нагласува дека Министерството за труд и социјална политика по службена должност оценило оти решението на претходниот министер Ибрахим Ибраими е ништовно, согласно Законот за општа управна постапка.

– Исто така, целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања дека министерката Царовска вршела притисок врз Централниот регистар и другите државни органи и во оваа прилика апелираме до сите надлежни институции да постапуваат согласно законските прописи, наведува МТСП.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ