МТСП: Хронично болните, бремените и родителите на деца помали од 10 години остануваат ослободени од работа

Од:

Министерството за труд и социјална политика информира дека хронично болните лица, родителите на дете до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои користат дневен центар, лицата кои одат на работа со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, се ослободени од работа или доколку има можност да работат од дома.

Владата на Република Северна Македонија, по барање на Министерството за труд и социјална политика, ја продолжи мерката за ослободување од работа на наведените категории граѓани сè додека Комисијата за заразни болести подготви соодветни протоколи за работа, дејствување и однесување на работно место за овие категории граѓани.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека работодавачите имаат обврска да ја почитуваат мерката за ослободување од работа на наведените категории граѓани.

Би можело да ве интересира

Комисијата за заразни болести ќе работи на протокол за државни настани во време на пандемија

А1он

Владата одлучи Македонија да се вклучи во COVAX – глобалната набавка на идната вакцина против Ковид-19

А1он

Владата ги усвои протоколите за плажите и базените – маски, дистанца и едуцирање на посетителите

А1он

Шест лица денеска донирале крвна плазма, вкупно обезбедени 52 единици за третман на лица со Ковид-19

А1он

Филипче: Нема раст на процентот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19

А1он

Во Скопје 1.788 активни случаи на Ковид-19

А1он