МТСП: Домаќинствата без приходи да поднесат барање за гарантирана минимална помош во центрите за социјална работа

Од:

Министерството за труд и социјална политика ги информира домаќинствата кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија за правото на гарантирана минимална помош (ГМП).

Со цел олеснување на последиците од здравствено-економската криза, со Уредба со законска сила за примена на Законот за социјалната заштита за време на вонредна состојба, овозможен е брз пристап во системот на социјална заштита.

-За добивање минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци. Износот на правото зависи од бројноста и структурата на домаќинството и се движи од 4.000 денари за едночлено домаќинство до 10.000 денари за домаќинство сочинето од пет возрасни членови, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Домаќинствата кои користат гарантирана минимална помош, ќе остварат и паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците април и мај 2020 година.

Барањето за добивање гарантирана минимална помош се поднесува до надлежниот центар за социјална работа.

Информации за центрите за социјална работа, на следниот линк: http://www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx. 

 

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on