МТСП: Доколку не ве ослободуваат од работа иако имате дете до 10 години, пријавете во инспекторатот

Од:

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе на седницата одржана на 10.03.2020 за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

dobivaj vesti na viber

„Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31.

Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој  се однесува.

Истите ќе треба да се достават до секторот за управување со човечки ресурси или раководителот/директорот на институцијата/компанијата во која работи, до терминот за пресметка на следната плата.

Во однос на прекинот на работата на дневните центри за згрижување на лица со попреченост, укажуваме дека ослободувањето од работни активности на родители на деца/лица со попреченост е проширено на родители на деца и млади и над 10 годишна возраст. Родителите е потребно по истиот принцип наведен погоре да достават потврда дека лицето е корисник на услугата дневен центар за лица со попреченост.

Уште еднаш апелираме до сите граѓани да се придржуваат до препораките, само заеднички можеме да се заштитиме и  да го заштитиме заедничкото здравје“, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

СЗО очекува „високи нивоа“ на Ковид-19 во текот на летото

А1он

На грчките острови Миконос и Милос позитивни над 50 отсто од направените тестови за Ковид-19

А1он

Во Албанија 550 нови случаи со Ковид-19, највисок број во последните три месеци

А1он

Над 20.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција

А1он

ЕУ ја продолжи употребата на сертификатот за Ковид-19 до јуни 2023 година

Ана Ололовска

Кина ги преполови карантинските денови за патниците кои пристигнуваат од странство

Ана Ололовска