МТСП: Да се ослободат од работа лицата со попреченост кои одат со придружба

Од:

Министерството за труд и социјална политика информира дека Владата донесе заклучок со кој се задолжуваат сите државни органи и институции, им се укажува на единиците на локална самоуправа и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои на работа одат со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работни активности.

– Заклучокот на Владата е донесен по барање на Министерството за труд и социјална политика поради потребата од заштита на лицата со попреченост кои одат со придружба, во услови на спроведување мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот, со оглед на тоа што тие спаѓаат во групата на граѓани кои имаат поголем ризик за развој на потешки симптоми од КОВИД-19, соопштуваат од МТСП.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор