МТСП апелира да се почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран

Од:

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува работодавците, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа и во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Од МТСП известуваат дека мерките продолжуваат да важат и денеска и утре.

Општите мерки кои, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението треба да се почитуваат, се ослободување од работни обврски на најранливите групи население, меѓу кои спаѓаат бремените жени и лица на возраст над 60 години, во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, како и работодавците да ги почитуваат законските прописи од оваа област.

МТСП апелира и на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Би можело да ве интересира

Пекол од Сахара – Европа ја очекуваат горештини и суви ветрови

А1он

Топлотниот бран однесе повеќе од 12.000 животи низ Европа

А1он

Нов топлотен бран ја погоди Европа

ВИДЕО: „Нов топлотен бран веќе се формира над Атлантикот, Европа ќе се вари“

ИЈЗ: Да се затворат прозорци и ролетни, да се внесуваат течности, да се избегнува престој на директно сонце

А1он

Европа се претвора во „печка“: Научниците открија зошто континентот се загрева побрзо од остатокот од светот

Предраг Петровиќ