Вчера во 18 часот, од страна на Итната медицинска помош, било пријавено дека на патот за селото Соње до општината, лежело непознато женско лице кое не давало знаци на живот.
Како што соопшти МВР, полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека се работи за 72-годишната О.Ј. од Сопиште.
Јавен обвинител наредил обдукција на телото на починатата.