МРТВ и БНТ ќе потпишат договор за бесплатно емитување на програмите во двете држави

Од:

Македонската радиотелевизија и Бугарската национална телевизија денеска во Охрид ќе потпишат договор со кој взаемно се согласуваат нивните програми да се емитуваат на териториите на двете држави.

Постигната е согласност и правото на реемитување на кабелските оператори да им биде отстапено бесплатно.

Договорите ќе ги потпишат генералните директори на МРТ, Марјан Цветковски и на БНТ, Вера Јанкова. Претставници на БНТ истоврмено ќе потпишат и први договори со десетина македонски кабелски реемитувачи со што сателитската програма на БНТ ќе биде ставена во нивната понуда.

Идентична процедура наскоро ќе биде реализирана и во Софија со дел од кабелските оператори во Бугарија што ќе го добијат правото на преземање на сателитската програма на Македонската телевизија.

Овој договор е резултат на првата неформална дебата на дваесетина афирмирани новинари и медиумски експерти од двете држави што во Скопје ја иницираше Македонско-Бугарската Стопанска Комора (МБСК). Во директната реализација на оваа идеја за јакнење на пријателските врски меѓу државите се вклучија и претседателите на советите за медиуми на Бугарија, Георги Лозанов и на Македонија, Зоран Трајчевски.

По потпишувањето на договорот меѓу БНТ и МРТ ќе продолжи дијалогот околу можностите за зеднички телевизиски проекти на бугарскиот и македонскиот јавен сервис.

Би можело да ве интересира

МТВ проверува упад во системот, реакција откако вчера немаше Дневник во центрлните термини

Катерина Ѓуровски

Тешко повредена жена во лифт во зградата на МРТВ

Левица: Незаконскиот фараонски мандат мора да заврши – јавниот сервис да се врати на јавноста

Горан Наумовски

Тошковски бил адвокат на фирмата „Ал Дарив” која добила сомнителен тендер од МРТВ, тврди Левица

Бизнис партнери и осомничени во „Делчевски ниви” си делат тендери во МРТВ, обвинува Левица

Утврдена листата кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија