На излезот од село Костурино кон Валандово, утрово околу 6 часот е пронајдено мртво машко тело, јави Радио СтрумицаНет, додавајќи дека информацијата ја потврдија и од СВР Струмица.
Мажот е идентификуван и станува збор за 52-годишниот Мите Ј. од струмичкото село Куклиш.
Според првичните информации, врз телото нема видливи надворешни повреди и траги на насилство.
Истражен судија издал наредба за вршење на обдукција.