Четириесет и осумгодишен скопјанец бил пронајден мртов во гаража во Скопје, соопшти МВР.
Според информациите на полицијата, вчера околу 19,50 часот во Скопје на булевар Партизански одреди во подземните гаражи бил пронајден починат Г.С.(48) од Скопје.
Од страна на доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт. На местото на настанат е извршен увид, а телото на починатиот е дадено за обдукција по што ќе бидат познати причините за смртта.