Скопјанец беше пронајден мртов на булеварот Водњанска во Скопје.
Како што информира полицијата, безживотното тело на 61-годишниот Пане Силов го забележал случаен минувач во близина на автобуската станица пред Клиничкиот Центар.
Доктор ја констатирал смртта по што Истражен судија наредил врз телото да биде направена обдукција.
Според првичните неофицијални информации, на телото на Силов не биле забележани траги на насилство.