МРТ по 40 години ја укина и култната „Хихирику“

Од:

Јавниот сервис МРТВ, по цели 40 години емитување ја згасна култната емисија на Радио Скопје – „Хихирику“.

„Згасна еден од најголемите брендови во македонскиот етер, пишува Ерол Ризаов во неговата колумна во Утрински весник.

„Најслушаната сатирична програма на сите времиња, која 40 години ни измамува смеење, по некоја тажна насмевка и не подзамислува, е забранета на перфиден начин, типичен за ова време. Нема пари за хонорари. Единствениот вистински петел на Македонското радио, чие рано кукуригање со децении ја будеше нацијата, кој ги надживеа сите системи и кризи, го заклаа и го изедоа за појадок големите демократи, патриотските извршители и уредници кои водат грижа да не се вознемирува власта“, пишува Ризаов во својата колумна.

hihirihu2

МРТВ ова го оправдува со немање пари и високи хонорари на авторот на емисијат и актерите. Тоа вели е голема лага бидејќи околу 1.400 евра месечно бил вкупниот хонорар на целиот тим на „Хихирику“ од седум-осум члена, сите до еден врвни професионалци почнувајќи од првиот човек Иван Карадак, па до кремот на хуморот и сатирата, поточно она што остана од овие изумрени литерарни и медиумски родови. Главниот автор зема околу 400 евра месечно, а врвот на сатиричниот театар, шест познати македонски глумци, земаат од 150 до 200 евра месечно. Ризаов вели и дека толку требало да земаат, но, веќе цела година не им се исплаќаат хонорарите, па не земаат ништо.

„Целиот тим на „Хихирику“ со месеци е соочен со мистична незаинтересираност на уредничкиот врв на Радио Скопје за својата најслушана емисија, за имиџот на радиото. Тоа не значи ништо друго, туку забрана на хуморот и сатирата на Македонското радио на несфатливо арогантен начин. Со тоа јавниот сервис МРТВ, кој одамна не е тоа, само уште еднаш ја покажа својата грда слика во служба на власта која ја гледаме на МРТВ секој ден.Кога се цензурираат хуморот и сатирата што како единствен вентил за празнење на нацијата го оставаа слободен и најголемите диктатори, тогаш е јасно на кое дереџе е дојдена Македонија. Само пред неколку дена без да знам за забраната на „Хихирику“ пишував за тоа како се прогонети од македонските медиуми сатирата, хуморот, карикатурата, пародијата и козериите кои во комунизмот беа редовни рубрики и во весниците, списанијата и на МРТВ. Во Македонија остана уште каишот на Дарко Марковиќ и Бубамара на Ранко Петровиќ. Дар-Мар по сите премрежија е доцна да го забранат, а Бубамара лета само еднаш годишно, некогаш високо, некогаш внимателно ниско по земја, па може да се поднесе. По нив ќе раскажуваме вицеви со шепотење и со смеење во себе“, пишува Ризаов во колумна во Утрински весник.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он