МПС ги повика членовите на 4 февруари доследно да ги извршуваат задачите, а политичките партии да не ги заплашуваат вработените во безбедносните служби

Од:

Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за финансиска полиција во пресрет на чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, во пишаното обраќање го повикува своето членство доследно да ги извршуваат своите работни задачи согласно законската регулатива на Република Северна Македонија.

– Да не се ставате во функција на политичките партии и други групации заради вршење на кривични дела и прекршоци, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии и други групации, се наведува во соопштението од Македонскиот полициски синдикат.

Само со професионален пристап и професионално работење, се посочува, ќе се подобри интегритетот на вработените во безбедносните служби и ќе се зајакне довербата на граѓаните што тие ја имаат како за вработените во Министерството за внатрешни работи, така и за вработените во Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за Финасиска полиција.

– Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските или било какви други влијанија, затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност, правна држава и непристрасно спроведување на
законите за сите, се вели меѓу другото во соопштението.

Од МПС ги повикуваат и политичките партии и нивните локални преставници, како и сите други радикални групации да не ги заплашуваат нивните членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби, бидејќи, како што стои, времето на закани и уцени е едно минато време и никој повеќе неможе да ги заплашува преставниците на синдикатот и безбедносните служби.

Од МПС ги охрабруваат сите нивни членови да ги пријават сите вербални притисоци врз нив, и да не потклекуваат на било какви притисоци од било кого.

Би можело да ве интересира

МСП донесе одлука за итни мерки против Израел

Груби: Прераспределба на административците оди по планот, нема отпор за нивно примање

Жарко Настоски

Македонски полициски синдикат: Со едноминутно молчење да оддадеме почит на нашите загинати колеги

Ана Ололовска

Рамковните административци уште не тргнале на работа, 160 од нив воопшто не се појавиле или одбиле да потпишат решенија

Жарко Настоски

Делегација на Македонскиот полициски синдикат во работна посета на Агенцијата за разузнавање

Ана Ололовска

Кицев избран за потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор

Ана Ололовска