Кицев избран за потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор

Од:

Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија на својата прва седница, за потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор го избра претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев.

– Како Македонски полициски синдикат кој со своите 8000 членови е еден од најбројните синидикати во Сојузот на синдикатите на Македонија сме задоволни што конечно оваа важна позиција е доделена на Македонскиот полициски синдикат, Синдикат кој е еден од носителите на синдикалното движење за Јавниот сектор во државата, стои во денешното соопштение од Македонски полициски синдикат.

Честитајќи му ја функцијата, членовите од Македонскиот полициски синдикат, изразуваат убедување дека со превеземањето на функцијата од негова страна, настапот на ССМ во делот јавен сектор, се подвлекува, ќе биде унапреден со цел подобрување на економско социјалниот статус на членовите на ССМ кои работат во јавниот сектор во Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Македонија повторно меѓу најлошите земји за работничките права

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат