Груби: Прераспределба на административците оди по планот, нема отпор за нивно примање

Од:

Досега околу 650 прераспоредени административци започнаа со работа на нивните нови работни места, а за околу 500 во тек е процесот на реализација на распределбата изјави денеска првиот вицепремиер и министер за полиитчки систем Артан Груби при денешната посета на увид на градежни работи на автопатот Скопје-Блаце.

– Многу сме задоволни и Владата и јас. Рапортирав на последната седница на Влада за текот на распределбата. До сега веќе 650 луѓе се започнати со работа и се на нивните работни задачи секојднеvnо. Околу 500 други се во тек на реализација, посебно тие 140 кои во МВР коишто треба д аминат низ безбедносна процедура, па потоа да започнат, изјави Груби, додавајќи дека уште 100 други треба да започнат деновиве да рабптота во УЈП.

Според првиот вицепремиер, коментари на прераспределбата имало во „не повеќе од четири или пет“ од вкупно 250 институции коишто презамаат административци според планот К5.

– Има таква несреќна изјава од челници на некои институции, мислам дека тие ќе се решат. Значи нема отпор за примање на К5-административци, туку има барање за адиминистративци коишто ги исполнуваат потребите на тие институции, а претежно бараат правници и економисти. Така што не гледам ништо спорно, истакна Груби.

Тој изрази надеж дека целиот процес ќе заврши до ребаланост на Буџетот, кога средства од Министерството за политички систем ќе бидат пренаменети во другите институции кои ќе ги имаат преземат овие административци.

Би можело да ве интересира

МСП донесе одлука за итни мерки против Израел

Груби: Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот на Владата

(ВИДЕО) Русија е виновна за се во Македонија: Путин ни прави меѓуетнички тензии – Груби обвини, премиерот го поддржа

Анита Петровска Рајковиќ

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов