МПЦ – ОА определи Комисија за разговорите со СПЦ

Од:

Митрополитите г. Петар, г. Тимотеј и г. Наум се членови, а епископот Хераклејски г. Климент, секретар на Комисијата што денеска Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја определи за претстојните разговори со Српската православна црква.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија денеска одржа редовна седница на која, како што се наведува во соопштението, определи претседател на Комисијата да биде митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, а нејзини членови да биде митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и митрополитот Струмички г. Наум. Епископот Хераклејски г. Климент е секретар на Комисијата.

На седницата, како што стои во соопштението објавено на веб-страната на МПЦ-ОА, особено внимание Синодот посвети на разгледување на годишните извештаи од епархиите во Македонската православна црква, како во татковината, така и во дијаспората. Притоа била изразена загриженост за неповолните демографски податоци, а посебно за православното македонско население во Република Македонија, односно намалување на наталитетот и зголемување на морталитетот.

Исто така, била разгледана и работата на воспитно-образовните институции на Македонската православна црква и извештајот од матурските и приемните испити.

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Српскиот патријарх Порфириј на Светосавската академија во Скопје

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ