МПЦ и австралиските црковни општини разговараат за недоразбирањата со имотите

Од:

Претставниците на црковните општини во Австралија кои не ја признаваат јурисдикцијата на владиката Петар, митрополитот на Преспанско-пелагониската и Австралиско-новозеландската епархија, денеска ја одржаа првата од предвидените две средби со членовите на Комисијата на Синодот на МПЦ за надминување на недоразбирањата во врска со имотите.

Игор Александров член на делегацијата на Австралиско-новозеландската епархија и престедател на Здружението на македонските црковни општини во Австралија, изјави дека денешната средба со Комисијата минала во конструктивна атмосфера во решавање на отворените прашања.

– Мислам дека и од двете страни коишто учествуваа на средбата имаа добра волја за разрешување на сите прашања преку дијалог. За жал, засега Синодот има прифатено јурисдикција во само 13 од оние 15 цркви кои што ние тука ги застапуваме. Останува отворено прашањето за црковната општина Св.Петка од Рокдејл и уште една општина од Мелбурн Успение на Пресвета Богородица. Наш став е дека за да има какво било решение тие две црковни општини мора заедно со нас да влезат под надлежност директно на Синдот и ако за тоа имаме согласност сметаме дека за сите други точки ќе имаме согласност, рече Александров.

За едно од нивните барања Синодот да назначи редовен архиереј за Австралиската епархија на местото на привремениот вршител владиката Петар, тој посочи дека нема никакво решение за тоа, оти, како што вели, Комисијата не е надлежна да одлучува за тие прашања. – Тоа е нешто што веројатно во некоја идна прилика Синодот ќе треба да го разгледа, додаде Александров.

На новинарско прашање Александров рече оти не станува збор за изгубен спор за црквата Св. Петка во Рокдејл и тие според него би прифатиле секоја одлука, која е во корист на МПЦ.

– Можеме да кажеме дека во првостепениот процес и двете страни не се задоволни, и двете страни имаат жалба до Апелацискиот суд. Значи и двете страни рескираат да изгубат. Не може да има победник за разрешницата на овој судски спор. Сметаме дека е подобро за сите страни да престане. Ние сме подготвени да ја повлечеме нашата жалба пред Апелацискиот суд ако Синодот преземе директна надлежност врз црковната општина Св. Петка. Значи ако навистина владиката Петар освоил победа за МПЦ во тој судски спор ние велиме во ред, ќе ја прифатиме ние таа победа за МПЦ ако во име на МПЦ со црковната општина раководи Светиот архиерејски синод, појасни Александров.

Преговорите на Комисијата на Синодот на МПЦ и делегацијата на Македонските црковни општини од Австралија продолжуваат утре. По нивното завршување, портпаролот на МПЦ митрополитот Тимотеј, најави дека архиереите ќе излезат со детали од евентуалниот договор.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски