Можност за доставување жалби од граѓани за имот на делницата Штип-Крупиште

Од:

Во тек е изградбата на првата фаза од експресниот пат Штип-Кочани. Двете македонски градежни компании Гранит и Бетон ја пробиваат трасата од новата клучка над штипската населба Три чешми до селото Крупиште во Општина Карбинци во должина од околу 14 километри.

Портпаролот на Општина Штип Драган Ристов на денешната прес-конференција информира дека ЈП за државни патишта и Општина Штип ги повикуваат граѓаните кои живеат на подрачјето на локалната самоуправа да учествуваат во постапката за механизам за жалби и поплаки и активно учество на локалното население во текот на изградбата на А3, експресен пат Штип – Кочани, на делницата Штип – Крупиште, посебно од Три Чешми, Долни Балван, Крупиште, Стар Караормна и населените места кои се на оваа делница.

– Засегнатите граѓани кои имаат имоти или локации на трасата или во близина на истата, и имаат во план да поднесат забелешка или жалба по истата врска со земјиштето, да дојдат во Општина Штип и да пополнат формулар кој локалната самоуправа ќе го достави до ЈП за државни патишта. Одговорно лице за пополнување на формуларите и за постапката е Лазар Соколовски, советник за рурален развој, на телефон 078/476-685 или да воспостават контакт на е-маил: [email protected]. Рокот за пријавување е заклучно со понеделник, 11 септември 2017, вели Ристов.

Експресниот пат Штип –Кочани е со ширина од 12 метри. Првата фаза од изградбата на експресниот пат Штип-Кочани, а кој се протега од штипската населба Три чешми до Крупиште е околу 14 километри. Втората фаза од овој експресн пат е од селото Крупиште до Кочани. Новиот експресен пат Штип-Кочани, кој е комплетно нова траса и се избегнуваат сите населени места заради безбедност на населението е во должина од 28 километри.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски