Можно заедничко претседавање на Бугарија и Северна Македонија со Берлинскиот процес

Од:

Бугарија и Северна Македонија најверојатно ќе имаат заедничко претседателство со Берлинскиот процес идната година, најави министерот за надворешни работи на Полска Јацек Чапутович, пренесува Бугарското национално радио.

Актуелен претседавач со Берлинскиот процес е Полска, а следниот треба да биде определен на Самитот во Познан на почетокот на јули годинава.

Чапутович, наспроти одложувањето на почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ за октомври, сепак, е категоричен дека пред државите има јасна европска перспектива.

– Сметам дека ние треба да ги поддржиме. Многу сум задоволен, што најверојатно претседателството со Берлинскиот процес ќе го преземе Бугарија заедно со Северна Македонија, изјави шефот на полската дипломатија.

Советникот на полскиот претседател Андреј Дуда, Богослав Виниц, сепак, предупредува дека приклучувањето на сите држави од Западен Балкан во ЕУ може да се одложи на многу подолго.

– Ние ги поддржуваме земјите од Западен Балкан, но нема позитивна клима во Европа, која ќе дозволи нивно брзо пристапување. Ќе биде многу тешко да се приклучат барем во следните десет години, изјави Виниц.

Би можело да ве интересира

Професор Атанасовски за Бугарското национално радио: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Предраг Петровиќ

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

Од земјите во ЕУ горивото најмногу поскапи во Бугарија – 34,5 отсто

А1он

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите