Можно излевање на реката Брегалница

Од:

Од општина Штип ги известуваат жителите долж течението на река Брегалница во штипско, дека претстои зголемување на водостојот на река Брегалница.

-Во моментов од браната Калиманци се испуштаат 30м/3 вода, но постои дотек од 198 м/3, со што постои сериозна можност за прелевање. Делови од Кочанско веќе се поплавени, а бранот се движи долж течението на Брегалница и кон Штип. Се предупредуваат жителите во Чардаклија, Караорман, 8.ми Ноември и Ново Село да бидат внимателни бидејќи е можно излевање на река Брегалница, велат од општина Штип.

Општина Штип во координација со ЦУК, Владата и градоначалниците од регионот преземаат мерки за заштита на населението и имотите од излевање на Брегалница во штипско.

Се очекува итна седница на кризниот штаб.

Водостојот во коритото на река Отиња во Штип се намалува, но се уште постои опасност од надоаѓање на вода.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он