Можни поситни одрони на повеќе патни правци

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно, во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Како што соопшти ЈП Македонија пат, по клисурите и усеците е можна зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес.

Попладнево, поради интензивните врнежи снег, патниот правец Крак-Маврово-Дебар е затворен за сообраќај на тешки товарни возила.

Остатоците од слабиот снег што врне на Попова Шапка, Буково, Ѓавато, Пресека, Железнец, Струга, Ресен не преставуваат проблем за одвивање на сообраќајот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози