Мозаикот со ликот на Тоше Проески во Прилеп партерно ќе се уредува

Од:

Мозаикот во форма на солза со ликот на најголемата македонска поп-ѕвезда Тоше Проески пред неколку месеци беше поставена во центарот на Прилеп, во близина на Домот на културата Марко Цепенков.

Според изјавата на градоначалникот Ристески и Бранко Нешкоски, директор на ЈП за просторно и урбанистичко планирање, во наредниве денови ќе се работи на довршување на просторот околу споменикот на Тоше Проески. Задната страна ќе биде претставена преку скулптура, каде што ќе бидат изработени делови што ќе го симболизираат неговото дело. Партерно ќе биде уредена околината на споменикот, а ќе бидат обновени и водените површини.

Локацијата ќе претставува светилиште за младите не само од земјав,а зашто е споменик за ѕвезда што ги засенува ѕвездите на небото. Во чест на делото на Тоше неговиот лик засекогаш ќе претставува инспирација за многу генераци и уште долго ќе ги потикнуваат на добрина, хуманост, музика и уметност – изјави градоначалникот Ристески.

Ова спомен-обележј е изработено од Ристо Тошески, професор по физичко воспитување од Прилеп. Секое камче е рачно изработено, на мозаикот го има и ангелот од Курбиново и 26 цвеќиња, кои ги симболизираат годините на Тоше Проески. Мозаикот е сместен во мало езерце со цел ликот на Тоше да одблеснува во водата.

ppd (2)

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он