Моторџиите од Куманово, Скопје и Свети Николе и годинава со манифестација „Дедо Мраз на мотор“

Од:

Околу 100-тина членови на Мото Клуб „Мечки“ и моторџии од Скопје и Свети Николе, денеска по осми пат традиционално ја  организираа манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“ и поделија новогодишни пакетчиња на корисниците на услугите на Дневниот Центар за лица со интелектуална попреченост, кој е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.
 
Моторџиите, денеска донираа и санитарија за Дневниот центар.
 
– Поделивме новогодишни пакетчиња за корисниците на овој Дневен центар, една убава традиција која ја негуваме осум години, изјави Јовица Гиновски,претседател на Мото клуб „Мечки“.
 
Во дневниот центар за лица со интелектална попречност услугите ги користат 26 -те корисници под 18 години и за нив се грижи шестчлен тим составен од психолози, педагози, физиотерапевт, медицинска сестра и професори по одделенска настава. И нивните родители,како и стручниот тим кој се грижи за децата изразија задоволство од оваа активност.
 
Имер Демири и Сузана Петковска, родители, чии што деца се згрижени во овој центар, изјавија дека ваквите манифестации помагаат во социјализација и интеграција  на децата во локалната заедница. Престојот на корисниците е  бесплатен, а обезбеден е транспорт на корисниците од домовите до просториите на Центарот, лоциран до градинката кај поранешната фабрика „Чик“.
 
– Ова е една убава активност која секогаш предизвикува внимание кај нашите корисници, изјави Ивица Благојевиќ,психолог во Дневниот Центар.
 
Инаку,минатата  година  Мото клубот „Мечки“ беше иницијатор и еден од организаторите кои заеднички со моторџиите од Европа,„Еуробајкер“ донираа медицинска опрема,кревети,душеци,потрошен материјал за општа болница Куманово, Домот за стари лица и за кумановската градинка.
 
Ваквата хуманитарна активност на моторџиите ќе продолжи и во текот на наредната година,најави Гиновски.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза