Моторциклист загина во Тетово

Од:

Моторциклист го загубил животот по тешката сообраќајна несреќа што вечерва околу 19 часот се случила на булеварот „Маршал Тито“ во близина на железничкиот надвозник на излез од Тетово.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, тетовчанецот Е.А.(26) од засега неутврдени причини загубил контрола на моторциклот што го управувал и што бил без регистарски таблички, по што удрил во заштитната метална ограда. Од ударот тој се задобил со тешки телесни повреди и веднаш бил однесен во тетовската Клиничка болница, но лекарите само ја констатирале неговата смрт.

– Полицијата го обезбедува местото каде што се случила сообраќајната несреќа и заедно со јавен обвинител ќе изврши увид за утврдување на причините, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он

Мајка (45) и ќерка (25) загинаа кај Шабац – несреќата предизвикана поради престигнување

А1он

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот