Моторциклист тешко повреден во Неготино

Од:

Моторциклист бил тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера во Неготино, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Тој појаснува дека сообраќајната несреќа се случила на улицата „Партизанска“.

– Се работи за сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „даеву тико“ со неготински регистарски броеви управуван од Е.В.(43) од Неготино и моторцикл марка „томос” без регистарски броеви управуван од Т.П. (64) од Неготино. Во незгодата е повреден возачот на моторциклот кој е пренесен во ЈЗУ Општа болница – Неготино каде се констатирани тешки телесни повреди, вели Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Неготино.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски