Мотоциклистите бараат субвенции за заштитна опрема

Од:

Петстотини четириесет и три мотоциклисти  од 2010 до 2013 година настрадале во  сообраќајни несреќи. Од нив, 10 ги загубиле животите, 123 се здоболе со тешки телесни повреди, а 410 со полесни повреди, покажува статистиката на Министерството за внатрешни работи.

Оваа бројка, според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, треба да биде потсетување  за сите дека во собраќајот нема компромис со безбедноста и со потребата од почитување на сите правила и прописи, особено во делот на носење  заштитна опрема.

За ризиците на кои се изложени мотоциклистите во сообраќајот и за начините за подобрување на состојбите Јанкулоска разговараше со претставници на моторциклистичките здруженија пред нивното денешно парадно возење во Скопје.

Преку дефилето, што во исто време се одржа во повеќе градови низ државата, мотоциклистите испратија пораки  дека се бројна категорија во собраќајот на која и е потребен рамноправен третман и внимание. Меѓу другото, бараат субвенции  при набавката на заштитната опрема, како и поквалитетна хоризонтална сигнализација.

Според Јанкулоска, за идејата на мотоциклистите за опремата ќе се разговара и ќе се направат компаративни искуства.  Потребно е, смета, преку директна комуникација  да се разговара за  потребата од зголемено внимание за постигнување поголема безбедност во сообраќајот, како и да се апелира до сите љубители на брзината, до сите спортски уживатели во возењето мотори, да се однесуваат совесно во сообраќајот,  но и до сите други учесници во сообраќајот да ги почитуваат како рамноправни  учесници.

Статистиката на бројот на мотори во светот кои  учествуваат во сообраќајот споредено со бројот на возила, укажа Јанкулоска,  покажува дека се повеќе мотоциклисти се изложени на ризици и сообраќајни несреќи. За жал, нагласи, и кај нас се присутни ваквите трендови, и во голем дел од сообраќајните несреќи каде учествувале и мотоциклисти имаме или  тешки последици или загубени човечки живти.

– Токму поради тоа нашата цел е да алармираме до сите учесници во сообраќајот, за зголемено  внимание, за почитување на правилата и прописите за носење заштитна опрема бидејќи според податоците на Светската здравствена организација моторциклистите кои носат соодветна заштитна опрема се позаштитени за 40 проценти  кога станува  збор за ризик по нивниот живиот, а за 70 проценти  се позаштитени од повреди од евентуални несреќи, изјави Јанкулоска.

Ленин Јовановски, претседател на Мотоциклистичката федерација на Македонија, истакна дека покрај денешната парада, организирана од сите надлежни институции и здруженија, има простор да се направи уште многу и во едукацијата на младите возачи мотоциклисти  и во барањата за зглемување на  казнените мерки кон другите учесници во сообраќајот кои не внимаваат.

– Побаравме  заеднички да делуваме во легислативата, да најдеме начин за субвенционирање околу заштитната опрема, за некакви бенифити при нивната набавка со цел да се овозможи подобар пристап на мотоциклистите до поквалитетна опрема, пред се, ставајќи акцент на кацигите, една од најважната опрема кои треба да ги има секој мотоциклист, изјави Јовановски.

Посериозен проблем, укажа, е и обележувањето  на хоризонталната сигнализација на сообраќајот во Скопје. Треба да се поведе сметка да биде направена поквалитетно  бидејќи често се случуваат падови токму од лизгање на тие површини. И  од површините што се направени за велосипедистите имаме многу поплаки, рече Јовановски, истакнувајќи дека е добро што има соработка, а активностите што ќе следат ќе придонесат за вкупната безбедност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он