Љ.С.(50) од Прилеп е тешко поврден откако вчера, возејќи мотоцикл, излетал од коловозот.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 19:15 часот на патот Прилеп – село Оревоец. Љ.С. управувал „Сузуки“ без регистарски таблици, а немал ниту дозвола.
Констатирана му е фрактура на черепот и внатрешно крварење поради што од Општата болница Прилеп е префрлен во скопскиот Ургентен центар.
Увид извршија Јавно обвинителство и екипа на ПС – Прилеп.