МОСТ регистрира неправилности во текот на гласањето

Од:

Два случаја на семејно гласање, еден случај на присуство на неовластено лице во близина на избирачко место и два случаја на фотографирање гласачки ливчиња, се примерите на нерегуларности што ги регистрира Граѓанската асоцијација „МОСТ“ во текот на денешното гласање во вториот круг од локалните избори.

Како што соопшти Златко Димитриоски на попладневната прес-конференција, на гласачко место 1471 во селото Дебреште, општина Долнени, евидентирани се девет случаи на семејно гласање при што се злоупотребени 27 гласа. Дополнително, на ова место забележани се три случаи во кои лицата кои им асистирале на гласачите кои не можеле сами да гласат, не биле заведени во Дневникот од избирачкото место.

На гласачкото место 1.472 во селото Лажани, општина Долнени, пак, имало девет случаи на групно гласање во кои се злоупотребени 20 гласа.

Проблеми предизвикани од неовластени лица се забележани во Шуто Оризари на гласачкото место 2968 каде неовластено лице агитирало на гласачкото место, а на гласачкото место 2959 е забележано фотографирање на гласачки ливчиња.

Фотографирање на гласачки ливчиња, набљудувачите на МОСТ евидентирале и во Пробиштип на гласачкото место 1531.

На гласачкото место 0888 во селото Видовиште, општина Зрновци, тројца гласачи биле обележани со мастило на левата, наместо на десната рака.

Би можело да ве интересира

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он