МОСТ: Прелиминарната оценка е дека изборите поминаа во фер и демократска атмосфера

Од:

Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера. Граѓаните повторно учествуваа во изборен процес во кој слободно можеа да ја изразат својата волја. Изборната администрацијата ефикасно го спроведе гласањето под посебни здравствени протоколи поради пандемијата со КОВИД-19 со што граѓаните можеа безбедно да го остварат своето право на глас. Ова е прелиминарната оценка на граѓанската асоцијација МОСТ за предвремените парламентарни избори.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на МОСТ Дарко Алексов на денешната прес-конференција соопшти дека во текот на изборниот ден биле забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои, како што рече, не влијае на квалитетот на изборниот процес.

-Изборната кампања генерално помина во релаксирана атмосфера и овојпат не беа забележани инциденти кои влијаеја на атмосферата во која се спроведе, што го продолжува трендот на подобрување во последните неколку изборни циклуси. Исклучок претставуваат случаите на црна и негативна кампања, како и користењето на националистичка реторика, рече Алексов.

Потсети дека поради пандемијата на КОВИД-19 начинот на кој се водеше кампањата беше променет, односно со помали митнзи, непосредни средби со граѓаните и т.н. кампања од врата на врата.

Информира дека ДКСК постапувале по шест приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и три приговори од непознат подносител во однос на потенцијална злоупотреба на државните ресурси. Прифатени биле два приговора од ВМРО-ДПМНЕ. Тој нагласи дека Комисијата ја продолжува позитивната практика од претходните избори во однос на постапувањето по евентуалните прекршувања, а овојпат, како што рече, сите одлуки беа донесени во согласност со Изборниот законик.

МОСТ ги охрабрува надлежните институции да продолжат поефикасно да ги отстрануваат долгогодишните системски проблеми во водењето и ажурирањето на Избирачкиот список, посебно во однос на стандардизирање на податоците за адресите и координацијата помеѓу надлежните институции.

– ДИК работеше во ефикасна и колегијална атмосфера. Позитивно се оценува транспарентноста на нејзината работа, имајќи предвид дека седниците беа јавни и беа пренесувани на интернет. Сепак, ДИК треба да продолжи да ги зајакнува техничките капацитети во оваа насока, со што на сите заинтересирани граѓани ќе им овозможи да ги следат седниците без никакви пречки, рече Алесков.

Посочи и дека ДИК постапуваше по 42 приговори за предвремен почеток на изборната кампања, при што ги одби сите, со образложение дека нема доволно докази за постапување. ДИК повторно спроведе теренска кампања за едукација на гласачите, при што позитивно се оценува тоа што беше фокусирана на тоа да им објасни на гласачите дека гласањето е безбедно. ДИК оваа кампања интензивно ја водеше и на социјалните мрежи. За хакерски напад на веб-страницата на ДИК за резултатите од изборите, тој смета дека тајмингот во кој се изведе овој напад дава индиции за сомневање дека се работеше за однапред испланиран обид за нарушување на довербата во изборниот процес.

– Изборниот законик беше изменет на денот пред распишувањето на изборите, 15 февруари 2020, што е во спротивност со меѓународните стандарди и практики. Имајќи предвид дека измените беа суштински, а веќе стана вообичаено Изборниот законик да се менува непосредно пред изборите, оваа практика треба да престане. МОСТ апелира по завршувањето на изборите да продолжи сеопфатниот и инклузивен процес на изборни реформи којшто беше спроведен во 2019 година од Министерството за правда, и во кој ќе бидат имплементирани и останатите препораки на домашните и меѓународните набљудувачи, рече Алексов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нарушена е безбедноста на надвозникот кај Визбегово

Горан Наумовски

Објавени нови сателитски снимки од разурнатиот мост кај Херсон

За уривање на мостот во Индија уапсени се девет лица

(ВИДЕО) Мост се урна за време на церемонијата на сечење лента во Конго

(ВИДЕО) Се сруши најдолгиот мост во Кина

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска