МОСТ: Одзивот е близу 30 отсто во сите ИЕ, најслабо во шестката

Од:

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот: ИЕ 1 – до 11 часот 17,62 отсто , до 12 часот 22,82 отсто, до 13 часот 27,58 отсто, до 14 часот 32,02 отсто. Во ИЕ 2 – до 11 часот 15,09, до 12 часот 19,79, до 13 часот 24,00, и до до 14 часот 27,79 отсто.

Одзивот во ИЕ 3 – до 11 часот 19,41, до 12 часот 24,78, до 13 часот 29,41, и до 14 часот 33,74 отсто.
Во останатите изборни единици одзивот е следен: ИЕ 4 – до 11 часот 18,74, до 12 часот 24,24, до 13 часот 29,16, до 14 часот 33,73 отсто, ИЕ 5 – до 11 часот 15,81, до 12 часот 20,49, до 13 часот 24,98, до 14 часот 29,11 и во ИЕ 6 – до 11 часот 8,97, до 12 часот 12,72, до 13 часот 16,62, до 14 часот 20,72 отсто.
Следната прес-конференција ќе се одржи во 19 часот.

Проектот „Домашно набљудување на предвремените парламентарни избори 2020“ е поддржан од: Британска амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

Би можело да ве интересира

Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Русија: Машиновозач загина, a бебе e тешко повредено при уривање на мост врз патнички воз

(ВИДЕО) Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мост во Русија, падна врз воз, најмалку седум мртви, десетици се повредени

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он