МОСТ на поврзување, нов кампус на УЈИЕ

Од:

Мостот е симбол на поврзувањето, зближувањето, заедништвото.

Симболично објектот „МОСТ“, во Старата скопска чаршија, објект кој ги спојува општините Центар и Чаир, започна да се приспособува во објект на Универзитетот на Југоисточна Европа.

На свеченоста присуствуваа градоначалниците на Центар и Чаир, Андреј Жерновски и Изет Меџити, професори и студенти .

Ректорот Замир Дика рече дека новиот кампус е нивна инвестиција вредна 600.000 евра со која се надева ќе има корист образованието во Македонија, економијата на главниот град, а пред се ќе помогне и на Старата чаршија.

„Почетокот е на 4. јули, Денот на независноста на САД, најголемиот подржувач на Универзитетот на Југоисточна Европа. Ова е значаен ден за сите нас, бидејќи отвора нови перспективи и визии.Мостот треба да има симболика на спојување, и се надевам дека Универзитетот на југоисточна Европа ќе помогне во спојувањето“, рече ректорот Замир Дика.

Универзитетот се наоѓа токму на општинската граница меѓу Центар и Чаир

„Мостовите поврзуваат, ова симболично место МОСТ ги поврзува општините Центар и Чаир. Но кога на ова место никнува образовна институција, тогаш значењето е повеќекратно. Ќе работиме на нови мостови на зближување и соработка“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски